АКМИС системот е компјутерска програма за електронска распределба на судските предмети по случаен избор.
Вчера Јово Вангеловски, претседателот на Врховниот суд за ТВ24 потврди дека ќе дозволи експертски тим да влезе во Врховниот суд и да испита дали имало злоупотреби со АКМИС системот. Тој веднаш и се гради и изјави дека системот една година веќе не функционирал затоа што фирмата што го одржувала се повлекла, па имало и рачна распределба на некои предмети. Тој за ваквата распределба директно ги обвини поранешната претседателка на Врховниот суд и поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1.
„Ќе му дадеме целосна поддршка на експертскиот тим. И јас се согласувам дека мора да се направи контрола на системот дали имало злоупотреби. Јас лично потенцирав и на средбата со Прибе му кажав, дека мора да се провери дали прераспределбата била електронска и претходно“, изјавува сега Вангеловски, по најавите за контрола.
Злоупотреби со автоматизираниот систем за управување со судски предмети (АКМИС) не сум вршел јас, туку првите луѓе на двата најважни суда во Македонија, експретседателка на Врховниот и поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1, рече во телефонски разговор за 24Вести претесдателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
(ВИДЕО) Салији: СЈО ќе биде специјален оддел во државното Јавно обвинителство
Пред 10 дена комисијата при Советот за утврдување на факти не успеа да изврши увид во списите на предметот во јавноста познат како „Таргет“ и „Тврдина“, бидејќи претседателот на Врховниот суд и наредил на судската полиција да не ја пушта Комисијата во судот. Од Советот за утврдување на факти соопштија дека со ваквиот потег претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски сторил повреда на законот и најавија кривична пријава.
Владата неодамна најави дека ќе бара помош од американска софтверска компанија за да ги испита евентуалните злоупотреби на АКМИС системот за електронска распределба на предметите кај судиите.
Инаку евентуалнаата ваква „рачно“ насочена распределба на судските предмети претставува кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања.
Ако некој претседател биде фатен дека распределувал предмети рачно, а не по електронски пат, односно правел местенки со електронската распределба преку т.н. исклучување на судии, за да се намали бројот на списокот кога во даден ден треба да се распределат одредени предмети или предмет, тоа се смета за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластувања и е секако основ за разрешување од судиската функција воопшто. Судиите велат дека во ваков случај се одговара и за соучесништво.
