
Ако новата ера во Македонија треба да започне со
– кандидирањето за градоначалник на лице осудено за злостор против човештвото од Меѓународен суд.
-со раководство на партија во кое на 51 лице му се одземени пасошите од надлежен суд под обвиненија од СЈО за сторени тешки кривични дел.
-со имот на партија кој е ставен под хипотека а судот бара да му биде ставена забрана за отуѓување заради основани сомненија дека е стекнат на незаконски начин.
-со ксенофобија кон Албанците, бегалците, мигрантите и соседите
-со стар лидер кој не гледа ништо ново во меѓународната положба на Македонија и кој се уште верува во странски служби и жолти комбиња
-со кандидат за градоначалник на Скопје кој го претвори градот во кич престолнина
-со кандидат за градоначалник на Карпош кој заради љубовта кон Русија мисли дека “Јачи је и од судбине”
-и со куп криминалци и подржувачи кои сметаат дека се што прави новата влада е неуставно и рамно на национално предавство.
Тогаш подобро да не влегуваме во неа. Ново во таквата нова ера е само лудилото на стариот лидер.
Нема нова ера, нов почеток, без нова вера.
Без нова визија, нов лидер, нова политичка култура, нови луѓе кои се способни да ги осознаат своите грешки, кои се способни да ја превземат и да се соочат со одговорноста за нив за да можат да се создадат услови за започнување на нешто ново во политиката.
Фејсук статус на Ѓорѓи Спасов