(фото) Херој Ова куче до сега спаси 52 човечки животи – за својот подвиг доби пофалница од претседателот на Мексико

од desk3
150 прегледи

Фрида веќе со денови совесно ги пребарува рушевините во Мексико Сити, настанати по силниот земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој однесе како што се тврди 245 животи.

 Погледај слику на Твитеру

Само пред две недели Фрида спасила 12 животи во уште појак земјотрес кој го погоди градот Оахака. 

Луѓето во целиот свет им се восхитуваат на нејзините подвизи, па оваа лабадорка благодарејќи на социјалните мрежи стана вистинска сензација ширум светот.

Претседателот Нијето во чест на Фрида на совјот Твитер напиша:

“Ова е Фрида. Таа помогна во спасувањето на 52 живота во природните непогоди во земјата и во странство.”
Во текот на работата на теренот Фрида користи специјална заштитна опрема, наочари кои ги штитат нејзините очи од дим и од прашина, посебни чевли кои и овозможуваат проодност по тешкиот терен За оваа тешка задача и одговорна работа, Фрида е обучувана од својата втора година. Со годините и искуството, ја стекнала титулата “специјалист за трагање по исчезнатите лица”.

Слични содржини