(ВИДЕО) Јовановски: Ќе се разликувам од Жерновски, урбанистичкиот хаос во Центар ќе биде стопиран

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Доколку бидам избран за градоначалник на општина Центар во првите 100 дена ќе ги стопирам издавањата на решенијата за градба со цел да запре урбанистичкиот хаос во општината, ќе водам позитивна кампања и ќе се разликувам од другите, а особено од актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Дејан Јовановски.

Тој најави дека програмата ќе ја презентира во наредните денови додека трае кампањата, проект по проект.

– Проектите се подготвени во соработка со граѓаните, ги слушавме нивните забелешки и идеи, ќе внимаваме на зеленилото и ќе работиме на сообраќајните решенија за намалување на сообраќајниот хаос, рече Јовановски./a1on