Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски, вчера во интервју за ТВ „Телма“ изјави дека прислушување во Македонија веќе нема, иако не можеше да прецизира од кога точно.

– Само легално, нелегално прислушување нема – беше категоричен Николовски.
Николовски исто така потврди дека навистина постои комбе, но не е жолто и сè уште се утврдува за што точно било користено. За присуството на Горан Живаљевиќ, претставникот на српската амбасада и разузнавач во Собранието за време на крвавите настани, Николовски рече дека не побарал и не добил дозвола да биде таму од Управата за безбедност и контраразузнавање. Да биде таму и не било во опсегот на неговиот мандат.