Поранешната премиерка на Тајланд осудена на пет години затвор

од desk2
75 прегледи

Врховниот суд во Тајланд денеска ја осуди поранешната премиерка Инглук Шинаватра на пет години затвор за несовесност при исполнувањето на државната програма за купување ориз од производителите.

Судењето беше во отсуство на Шинаватра, која беше на функцијата од 2011 до 2014 година.

Се претпоставува дека избегала од Тајланд и сега се наоѓа во Сингапур или Дубаи.