Зеландија, чија површина е околу 5.000.000 квадратни километри, за посебен континент е прогласена на почетокот на годината, откако научниците открија дека ги исполнува сите критериуми.

Се работи за специфична геологија, надморска висина и кора која е подебела од обичното морско дно.
Некогаш била дел од древниот суперконтинент Гондавин, кој се распаднал пред околу 180 милиони години, а се верува дека Зеландија се одвоила од Австралија и Антарктик околу 100 милиони години подоцна.
Двомесечната научна експедиција сега ги откри околу 70 милиони старите тајни на Зеландија, скриениот континент во Јужниот Пацифик.
Со бушење на морското дно на шест различни локации, на длабочини поголеми од 1.250 метри, научниците собраа повеќе од 8.000 примероци и стотици фосилни видови и забележаа историски промени во географијата, вулканизмот и климата на Зеландија, пренесе Спутник.
Со повеќе од 90 отсто од територијата под површината на морето, континентот го опфаќа островот Лорд Хау на источниот брег на Австралија, француската територија Нова Каледонија и Нов Зеланд.
Научниот соработник на експедицијата Џералд Дикенс од американскиот Универзитет Рајс рече дека откритието на микроскопски школки, организми кои живееле во топлите плитки води на морето, покажале дека географијата и климата на Зеландија во минатото драматично се разликувале.
Експедицијата пружи увид во геолошките промени на Земјата, вклучително и промените на движењата на тектонските плочи на Земјата, промените во циркулацијата на океаните и глобалната клима.
„Големите географски промени во северна Зеландија, која е приближно иста големина со Индија, овозможуваат претпоставки за разбирање на прашањата како она како билките и животните се рашириле и еволуирале во Јужниот Пацифик“, објасни научниот соработник на експедицијата Руперт Садерланд од Универзитетот Велингтон на Нов Зеланд.