Ограбен станот на Љубиша Самарџиќ

од Vladimir Zorba
173 прегледи

  Само една недела по погребот на Љубиша Самарџиќ, крадци го ограбиле станот на овој славен актер и режисер.

Крадците украле поголема сума пари и накит, а меѓу другото и омилениот часовник на покојникот, златен Ролекс.

„Грабежот се случил на 22 септември, насред бел ден, само една недела по погребот на Самарџиќ. Крадците се качиле на тераса, ја разбиле вратата и влегле во станот додека немало никој внатре. Тие украле 6.000 евра во различни валути и поголема количина златен накит, пишува денеска српски „Телеграф“, повикувајќи се на полициски извор.