Заев од Аеродром: Промените не се комплетни без промени и во општините На 15 октомври да излеземе и да ги заокружиме промените

од desk3
109 прегледи

 

 

-Ве повикувам со љубов да продолжите за вашата општина Аеродром. Со што ли не се обидоа да ги спречат промените. Ќе ве потсетам на 27 април каков срам се случи во храмот на деморкатијата. Еве не напред во слободна, перспективна Македонија. Ве повикувам немојте да ме напуштите, следете ме оти се работи за вашиот Аеродром, за моето и вашето Скопје, за Република Македонија, рече Заев на митингот во скопски Аеродром. 

Лидерот на СДСМ Заев реќе дека како партија го нудат Петре Шилегов за градоначалник на Скопје бидејќи  анкетите покажале дека го “шие” Коце Трајановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ја побара подршката и гласот на аеродромци, бидејќи промените не се комплетни ако нема промени во општините на Македонија.

-Не видовте за 3,5 месеци какви сме, покажавмне дека знаеме да се коригираме, создадовме пријатели насекаде околу нас,  Македонија веќе не е скарана со никого, Македонија блеска во Европа, рече Заев на митингот во Аеродром.