Академик Фити откри: Претходната Влада направи да се промовира во МАНУ, магистерската на Груевски за да добиела на тежина

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 Ама тоа е далеку од научен труд  но ја закупија салата и влегоа!

 

Во Топ тема вчера гостин на Чомовски му беше академик Таки Фити во пресрет на јубилејот 50 години МАНУ. Во емисијата Топ тема на Телма академик Фити зборувајќи за различни контроверзи во општество и позицијата на МАНУ ги посочи клучните дилеми на општеството во кои се заплетка и оваа инсттуција како   контроверзниот документ за поделба на Македонија по етничка основа,за молкот на академијата во време на владеењето на Груевски , за енциклопедијата спакувана од тогашната власт и барањата за промоција  на  магистерски труд  на Груевски во просториите на академијата.

Фити откри дека тогашната влада побарала, но била одбиена за промоција на магистерскиот труд на тогашниот премиер Груевски, но од владата им рекле “ќе ја закупиме” и така се случила промоцијата на магистерската на Груевски во МАНУ.Тоа е солидна магистерска ама е далеку од научен труд зад кој треба да застане МАНУ рече академик  Фити.

 Јавноста тогаш со подсмев реагираше дека академиците се построија Груевски да им се потпише на неговиот магистерски труд.

Во интервјуто академик Фити призна дека молчеле во времето на владеењето на Груевски, но дека тоа било од страв, а на кафе муабет полемизирале зошто никој не излегува во јавност пред се за она што ни се случуваше во економијата.

-Ни беа понудени по 1000 евра награда на секој од нас за да ги фалиме политиките на тогашната влада но одбивме – откри академикот.

Во продолжение погледнете го ова интересно и отворено интервју со академик Таки Фити за Телма