Бизнис светoт денеска
Сараево – „Виз ер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа ја најави најголемата кампања за вработување во својата историја.
Белград – Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ изјави дека оваа година ќе биде рекордна во туризмот и оти државата се приближува до девизен прилив од 1,2 милијарди евра.
Анкара – Турција најави дека ќе склучува договори за трговија со нафта само со официјалната Влада на Ирак, а не и со властите на ирачкиот регион Курдистан, каде во понеделникот се одржа референдум за независност.
Берлин – Просечната бруто плата во Германија лани била 4.078 евра, со тоа што постои очигледна разлика во платите меѓу мажите и жените, и истокот и западот во државата.
Анкара – Турција, согласно новиот предлог-закон, планира да ги зголеми трошоците за одбрана за дополнителни 2,2 милијарди долари, изјави турскиот министер за финансии Наџи Агбал.
Вашингтон – Aмериканското Министерство за трговија најави воведување данок од речиси 220 отсто на канадските авиони Бормардие серија Ц, потег, што најверојатно, ќе ги зголеми тензиите меѓу САД и нејзините сојузници Канада и Велика Британија./МИА