Исповед на синот на Хју Хефнер “Како беше да растеш во куќа преполна со разголени жени”

од desk3
141 прегледи

Најмладиот син на Хју Хефнер за магазинот “Њујорк пост” откри како е да растеш со основачот на “Плејбој” и во вила полно со оскудно облечени дами.

Купер Хефнер (25) е син на Хју и неговата бивша жена и зајчица во 1989 година Кимберли Конрад. 

Како што кажа, првите години од неговиот живот во вилата на “Плејбој” немало многу жени.
-Кога моите родители беа заедно, беше многу “питомо”.  Забавите беа претворени во настани кои бараа прикладна свечена облека. Верувам дека тоа беше по барање на мајка ми – рече Купер, за “Њујорк пост”.

Меѓутоа, кога неговите родители се развеле, татко му Хју направил куќа за Кимберли веднаш покрај неговата, па Купер и неговиот две години постар брат Марстон (27) живееле и  во едната и во другата куќа.

-Покасно, кога татко ми имаше интересни забави преку лето и за Ноќта на вештерките покрај базенот, обезбедувањето пазеше јас и брат ми да не бидеме во куќата, – рече Купер. Сепак тој рече дека добро се сеќава на тие забави.

 

Купер до 2016. година беше креативен директор на Плејбор. Почнал да се занимава со семејнииот бизнис н 21 година, но накратко го напушти во 2016 година.

-Сакав да учествувам во создавањето на важни бренд стратегии, “Плејбој” би го запознал со својата генерација. Стана јасно дека тоа нема да биде можно па протестирав, рече тој. За време на неговото отсуство спроведен е експеримент со исфрлање на голотијата од Плејбој, како што бараше негтовиот татко, а Купер поради тоа беше многу лут.

-Представена е бизнис стратегија која објаснувала дека со исфрлањето на гололтијата ќе доведе до повеќе рекламирање во магазинот. Мислев дека тоа е директен напад на она за што се бореше татко ми цел живот – да ја нормализира сексуалноста.

Тоа довде до паѓање на заработувачката, па Хју се симна од функцијата, која потоа ја презеде Купер.

-Еден од моите приоритети беше  повторно да ја воведам голотијата и она што татко ми го направи да биде автентично – рече Купер.

Купер докажа дека оди по татковите стапки и со тоа што неговата вереница, глумицата Скарлет Бирн исто така се сликала за Плејбој”.

Тој рече дека тоа не му е ниту малку чудно.

-Зборувате со некој чија мајка била во тој магазин. Јас се чувствувам попријатно во врска со сексот отколку поголемиот број на луѓе и навистина не мислам дека сексот е нешто чудно, додека луѓето не го направат чуден – рече тој.

Иако магазинот излегува само шест пати годишно, Купер зборува дека нема да отстапи од печатеното издание.

 

Слични содржини