Путин и Ердоган се состанаа во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара. Турција остро ги осуди обидите на курдските власти да бараат независност. Анкара дури и ја подигна војската во близина на границата со Ирак.
Турција ја комплетира изградбата на долгиот ѕид од 911 километри на границата со Сирија за борба против тероризмот, нелегалниот граничен премин и миграција, кој воедно е трет подолг ѕид во светот.
Посетата на Путин во Анкара доаѓа неколку дена откако Русија и Турција се согласија за купување на ракетниот систем C-400 “Триумф”.
Уследи остра реакција на земјите на НАТО , но турските власти посочија дека имаат право да се грижат за сопствената одбрана .