Заканата од отруени производи во Германија се однесува на 20 видови на храна

од desk3
77 прегледи
Заканата од отруени со етиленгликол производи во Германија важи не само за храна за бебиња, а за 20 видови храна кои изнудвачот смета дека отрови пуштил во продажната мрежа на сите големи германски синџири.

Вчера ви кажавме дека  неидентификуван човек ставил отров во бебешка храна во најголемите синџири за бебиња во Германија. Човекот сака да му бидат исплатени 10 милиони евра.Лажичка од отровот, ставена во бебешка храна во Германија, може да убие бебесмртоносна доза за возрасен е околу 100-150 млВо моментов не е јасно дали изнудвачот има пристап до поголеми количини храна, но се смета дека има барем еден соучесник , бидејќи отровни тегли со бебешки пиреа се откриени во неколку филијали на продавниците.

Човекот сè уште не е идентификуван, но властите добиле повеќе од 100 известувања од граѓани кои може да го знаат сторителот и во моментов ги проверуваат. Полицијата во Германија предупредува да се внимава при отварање на тегли – ако не ја слушнете специфичниот отвор на тегла, подобро е да не ја консумирате. Истото важи и за друго пакување на храна – ако пакувањето е оштетено, има дупки на него или е скршено, подобро е да не се јаде, бидејќи етилен гликол може да се инјектира во друга храна.