Шпанска Влада: Референдум нема да има, Каталонија: Ќе има

од desk2
92 прегледи

Референдумот за независност на Каталонија нема да се одржи, изјави денеска портпаролот на шпанската Влада Инихо Мендез де Виго.

– Нагласувам дека нема да се одржи референдум на 1 октомври, изјави Де Виго на пред конференција по седница на Владата. Тој повтори дека ставот на Мадрид е дека референдумот е нелегален.

– И покрај тоа, повеќе од 2.300 гласачки места се подготвени за референдумот за независност на Каталонија што ќе се одржи в недела, соопшти претходно регионалната каталонска Влада.

Непознато лице денеска пак, фрли запаллива направа на станица на шпанската полиција во Игуалада, 50 км од Барселона, откако полицијата во тоа место заплени гласачки ливчиња и кутии и најави дека во недела ќе го спречи одржувањето на референдумот за независност на Каталонија.

Во инцидентот нема повредени.