(фото) Ана Ивановиќ го покажа стомачето, а ужива и во луксуз

од desk3
81 прегледи

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер, за неколку месеци ќе станат родители а оваа вест ги израдува нивнигте фанови низ целиот свет. 

 

Ана и Бастијат во моментов живеат во Чикаго и тоа во многу луксузниот пентхаус кој се наоѓа во хотелот  “Valdorf Astorija”, со преубав поглед на езерото Мичиген. Раскошниот апартман има 230 квадрати, а светските медиуми пред неколку месеци пренесоа дека нивното изнајмување чини околу 30.000 евра месечно, како и дека единствениот услов на Ана беше станот да има тераса. Секое катче во овој хотел дише со луксуз. Се е опремено според најновите стандарди, со многу содржини за уживање и опуштање.

Веднаш откако е објавено дека е бремена,  се појави и првата фотографија на Ана Иановиќ, на која се гледа заобленото стомаче.