Општинската организација на СДСМ во Сопиште продолжува со средбите со граѓани. И денеска, од врата на врата, разговаравме со граѓаните, ги слушнавме нивните потреби. Кандидатот за градоначалик, Далибор Богдановски, носителот на листа Сашо Стојановски денеска го предводеа тимот во реонот на Сопиште.
„Сето она што е наведено во нашата програма практично е идентично со проблемите кои граѓаните и денеска ни ги посочија и на средбите. Мора да се реши проблемот со канализација, пробемот со водоснабдувањето, мора да се изгради градинка. Ние тоа ветуваме дека ќе го направиме“, изјави Далибор Богдановски по средбите со граѓаните.
Освен на средби со граѓаните во Сопиште беше поставен и пулт, каде граѓаните можеа да ја земат програмата на СДСМ, но и да кажат кои се нивните проблеми, но и идеи за решавање на истите.
„За да донесете вистинско решение, мора да ги слушате луѓето, да разговарате со нив. Одлуките мора да се носат заедно со нив. Ние така ќе работиме заедно со граѓаните. Ќе ги слушаме нивните потреби и заеднички ќе ги носиме одуките, изјави Сашо Стојановски, по средбите со граѓаните.
Тимот предводен од Богдановски и во следните денови ќе продолжи со истото темпо на нови средби на нови локации.
Но, она што го ветуваме е дека и по превземањето на власта во општина Сопиште, општината ќе биде отворена и достапна за граѓаните постојано, а потребите на граѓаните ќе бидат наша водилка во управувањето со општината.