Во Лас Вегас убиени повеќе од 20 лица, најмалку 100 повредени

од desk2
97 прегледи

По пукањето во близина на казино во Лас Вегас бројот на убиени и ранети значително се зголеми во однос на првичните извештаи.


Американските медиуми јавуваат дека убиени се најмалку 20, а ранети уште 100 луѓе. Тоа го потврди и полицискиот шериф Џозеф Ломбардо на конференција за новинарите.

Напаѓачот отворил оган од автоматска пушка на 32 кат на хотелот Манделеј Беј кон отворен простор на кој во моментот се одржувал концерт на кантри музика. Откако стигнала првата дојава, полицијата излегла на терен и го убила напаѓачот.

Идентификуван е и утврдено е дека се работи за локален жител, а неговото име не е објавено. Полицијата сега бара друго лице кое патувало со напаѓачот.

Откако почнало пукањето, стотици лица почнале да бегаат од местото на кое се одржувал концерт. На снимките објавени на социјалните мрежи се слуша рафално пукање.

Познатиот американски професионален играч на покер Ден Билзериан исто така бил на местото на настанот и во текот на бегството снимил видео во кое вели дека видел како една девојка е погодена во глава.

Полицијата го блокира целото подрачје и пребарала неколку локации на кои се пријавени други инциденти, но надлежните сметаат дека напаѓачот делувал сам.

Портпаролката на Универзитетскиот медицински центар вели дека 14 лица се во критична состојба.

 

https://www.youtube.com/watch?v=s3HSNQ9zHRM