Најмалку 50 луѓе уби 64-годишен пензионер во Лас Вегас

од desk2
116 прегледи

Најмалку 50 лица се убиени, а повеќе од 200 се повредени во пукањето кое утрово се случи на концертот во Лас Вегас.


Нападот се случи за време на концертот на Џејсон Алдин во недела доцна навечер по локално време. Во публиката беше пукано од 32 кат на хотелот „Менделеј Беј“ во Лас Вегас.

Напаѓачот го убија припадници на специјалната единица SWAT.

Според локалните медиуми, напаѓачот е идентификуван како 64-годишен белец од градот Мескит, а неговот име е Стивен Падок.

Полицијата трага по Мерилу Данли, за која се смета дека живеела со него. Таа е висока околу 125 см и тешка 50 килограми и е со азиско потекло.