Тројца Американци ја добија Нобеловата награда за медицина

од desk2
98 прегледи

Американските научници Џефри Хал, Мајкл Росбаш и Мајкл Ѕанг се овогодишни добитници на Нобеловата награда за медицина за откритието на молекуларни механизми кои го контролираат нашиот биолошки часовник, соопштија од Институтот Каролинска во Стокхолм.

„Нивните откритија го објаснуваат начинот на кој билките, животните и луѓето го прилагодуваат својот биолошки ритам за да биде во склад со револуциите на Земјата“, се наведува во соопштението од Одборот кој ја доделува Нобеловата награда.

Добитниците ќе ја поделат парична награда од девет милиони шведски круни (1,1 милиони долари).

Хал е роден во 1945 година во Њујорк, а докторирал во 1971 година на Универзитетот во Вашингтон, а од 2002 година работи на Универзитетот во Мајн.

Росбаш е роден 1944 година во Канзас Сити. Докторирал 1970 година на МИТ. Од 1974 година работи на Универзитетот во Валтам.

Јанг е роден 1949 година во Мајами. СО докторско звање се здобил на Универзитетот во тексас во 1975 година. Од 1978 година работи на њујоршкиот Универзитет Рокфелер.

Наградата за медицина е прва во низата која се доделува секоја година.

Признанијата за достигнувања во областа на науката, книжевноста и мирот се востановени во согласност со тестаментот на пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел и се доделуваат од 1901 година.