(ВИДЕО) Авионот што го спаси Асад и Сирија – пилотите на Л-39 демонстрираат феноменална храброст, иако немаат заштита од ракети

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Секој кој ги следи активностите на сириската авијација, би требало да се восхитува како војуваат пилотите што управуваат со воените авиони L-39ZA (Л-39). Овие релативно мали двоседи, кои пред се школски, а потоа борбени авиони воопшто не се заштитени, како на пример руските Су-25.

Тие не поседуваат современите системи за бомбардирањето од голема височина и нанесуваат удар од височини 1000-300 метри, каде ракетниот оган на терористите е најефикасен. Секој лет за врз позициите на терористите крие огромен ризик за екипажот на т.н. елките.

Тие обично летаат на голема височина надвор од дофатот на ракетниот оган или се приближуваат на граничната мала висина (30-50 метри), на 2-3 километри пред целта и стрмно се спуштаат на одредена височина, во рамките на борбените можности на авионот да ги нападнат целите и притоа изложувајќи се оган на терористите. При тоа овие авиони носат ракети и две бомби ОФАБ-250.

Сириските ВВС користат активно L-39ZA поради исцрпување на ресурсите на воените авиони и освен тоа нивната експлоатација е многу поевтина.

Првите информации за учеството на L-39ZA при нанесување на удри датира од 9 август 2012 година врз позиции на бунтовниците во село Тел Рифат на 37 километри северно од Алепо.

Авионот користел два 16-полни блока УБ-16-57, ракети С-5 калибар 57 мм и вградени двоцевни топови 23 мм со 150 гранати.

Според неофицијалните статистички податоци од 15 октомври 2012 година до крајот на август 2015 година, сириските воздухопловни сили изгубиле 7 L-39ZAs, но исто така е познато дека еднo такво летало е изгубено и на 4 декември 2016 година.

Опасностите, исто така, велат дека во октомври 2015 година, терористите уништиле L-39 на аеродромот Алепо.

Освен тоа терористите успеале да запленат 7 авиони на авиобазата Кшеш. Сирија добила од Чехословачка во периодот 1980-1987 година вкупно 55 машини L-39ZO (без топови) и 44 броја вооружени L-39ZA.

Според експерти, кон почетокот на конфликтот во земјата ВВС располагале со околу 50 елки. На интернет мрежата неодамна се појавија фотографии на осум сириски Л-39, со седиште во авио базата Тадмур во реонот на Палмира. Таму ситуацијата повторно се изострува и тоа носи дополнителен ризик за пилотите на L-39ZA.