Навивачите на Шпанија му порачаа на Пике: Ѓубре едно, напушти ја репрезентацијата

од desk2
139 прегледи

Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике беше во центарот на вниманието на собирот на репрезентацијата на Шпанија пред завршницата на квалификациите за Светското првенство кое следната година се игра во Русија.

Дефанзивецот на Барселона по референдумот, кој се одржа во Каталонија во неделата, јавно констатирал дека е подготвен да ја напушти репрезентацијата доколку навивачите го сметаат за проблем.

Во моментот кога Пике излегуваше на терен, во тренинг-кампот се слушаа гласни свирежи и навредливи повици упатени до Пике.

„Јас сум Каталонец и се чувствувам така, повеќе од кога било. Горд сум на луѓето од Каталонија, гласањето е право кое мора да се штити“, рече Пике по мечот со Лас Палмас и крена голема прашина со изјавата.

Навивачите кои беа на трибините на тренингот на репрезентацијата на Шпанија му порачаа на Пике да ја напушти репрезентацијата и го нарекоа со погрдни имиња, а на крајот реагираше и обезбедувањето.

„Веќе гласав. Заедно сме несопирливи“, напиша Пике на Twitter и постави фотографија од гласањето.