Тројца американски физичари ја освоија Нобеловата награда за физика

од desk2
75 прегледи

Тројца американски физичари ја освоија Нобеловата награда за физика за откритието на гравитациските браноци, „набори“ во простор-време, чие постоење прв го предвиде Алберт Ајнштајн пред еден век.

Една половина од наградата од речиси 1,1 милион долари ја освои Рајнер Вајс, а втората половина ја делат Кип Торн и Бери Бариш, објави Шведската кралска академија на науки во Стокхолм.

Сите тројца научници играа водечка улога во експериментот LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory), со кој во 2015 година прв пат се детектирани гравитациските бранови.

Вајс е професор по физика во пензија на Технолошкиот институт во Масачусетс, и најмногу придонесе за концептот, дизајнот и изградбата на LIGO.

Ким Торп, професор по теоретска физика на Калифорнискиот технолошки институт објави теориски дел од работата и изведе клучни претпоставки за тоа како гравитациските бранови изгледаат и како да се препознаат нивните сигнали во податоци кои ги собрал со телескоп.

Бери Бариш, поранешен физичар за честички на Технолошкиот институт во Калифорнија, многу придонесол за покренување на експериментот. Тој го спречи гасењето на LIGO во 1994 година, кое му се закануваше поради недостатокот на средства и ја следеше неговата изградба, како и мерењата во текот на три години.