Британски Independent објави мапа на трансформиран атлас на светот, на кој се прикажани европските региони кои на некој начин се борат за независност. Речиси и да нема земја која не се соочува со овој проблем.

Кога станува збор за Босна и Херцеговина, на мапата е прикажано дека независност сакаат Република Српска и Херцег-Босна.
„Многу подрачја во Европа имаат јаки сецесионистички движења или имаат политички партии кои се залагаат за поголема автономија“, напиша авторот на мапата.
На неа се прикажани земји и региони па така во Србија, според оваа мапа за независност се борат Санџак и Војводина, во Хрватска – Истра.
Италија и Шпанија имаат најмногу движења. Во Шпанија освен Каталонија, независност сакаат и Андалузија, Кастиља, Леон, Арагон и островите, додека во Италија постојат движења за секој остров поединечно, Венеција, Падова, Ломбардија итн.
Во Франција постојат поделби на самиот север, додека во Велика Британија таква намера имаат Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Мапата е објавена за време на нередите кои се случуваат во Шпанија поради референдумот во Каталонија, и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.