Yahoo конечно призна: 2013 година се хакирани сите кориснички налози

од desk2
90 прегледи

Американскиот интернет гигант Yahoo соопшти дека сите три милијарди негови кориснички налози биле компромитирани во хакерски напад во 2013 година.


Компанијата, која порано оваа година ја купи Verizon, објави дека со истрагата се утврдило компромитирање на налозите и тоа било поголемо од што се мислело до сега.

Украдените податоци не опфаќаат јасно напишани кориснички шифри или информации за платежни картички или сметки во банка, пренесе BBC.

Компанијата порано соопшто дека погодени се повеќе од милијарда корисници.

Yahoo сега тврди дека ова не се случило поради нарушување на системот за заштита, но дека на корисниците им испратиле по пат на електронска пошта нови обавестувања.

Компанијаѕа ја продолжи блиската соработка со полицијата во врска со овој случај.