Викторија Бекам се бори против брчките со … храна!

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Викторија Бекам се подложи на нов режим против стареењето, според кој треба да качи килограми, објави весникот Дејли мирор.

Дизајнерката, која има 43 години, е позната по слабата фигура. Но, според извори блиски до членовите на распаднатата поп група Spice Girls, Викторија се надева да качи неколку килограми, за да го успори влијанието на возраста.

Ѕвездата се консултирала со лекар за најдобра терапија против брчки.

Викторија посети хирург во Лос Анџелес и тој и рекол дека најдобар начин да го забави стареењето е комплетноста – да јаде повеќе и да пие вода , откри анонимен извор.

Нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, е задоволен од рецептот.

Дејвид неуморно се обидуваше да ја натера Викторија да ги намали своите строги навики во исхраната, па срцето е задоволно од промената, додаде тој.