Компанија за производство на сладолед го помеша задоволството од конзумирање алкохол и студено-слаткиот десерт за да створи прв алкохолен сладолед со вотка.

Американската фирма Arctic Buzz тврди дека успешно креирала и до совршенство обликувала прв светски сладолед со вотка, кој доаѓа во неколку вкусови – ванила, чоколадо, кекс, лимон и кокос.
За да дојдат до совршена комбинација, Аrctic Buzz долго соработувал со локалните диструбутери на алкохолни пијалоци.
Проблемот во комбинирање вотка со сладолед е во тоа што вотката доминира и ги уништува сите други вкусови.
Исто така, вотката спречува фино замрзнување на водата и стварање кристали кои се есенцијални за добар сладолед.
Arctic Buzz тврди дека тој проблем го надминал.
Една порција содржи 100 мл сладолед до 8,6 до 8,9 отсто алкохол.