Кејт Винслет призна дека Леонардо Ди Каприо никогаш не и се допаѓал

од desk2
93 прегледи

Холивудската актерка Кејт Винслет, која во моментот го промовира филмот „The Mountain Between Us“, вели дека Леонадро Ди Каприо никогаш не и се допаѓал.

„Седум месеци интензивно работевме и тогаш двајцата бевме многу млади. За среќа, никогаш не се каравме. Тоа е добро, затоа што никогаш немаше да го имаме ова што го имаме, учевме еден од друг, а учиме и денес“, вели Винслет.

Кејт Винслет и Леонардо Ди Каприо остварија главни улоги во филмот „Титаник“, еден од најубавите филмови некогаш снимени. Оваа година се навршуваат 20 години од тој филм, а Кејт вели дека не може да верува дека поминало толку време.

„Прекрасно е што сега моите деца и нивните пријатели велат: Ми се допаѓа ова што го направи во филмот… или рецитираат делови од него кои сум ги заборавила. Кас им велам дека не биле родени и во тие моменти се чувствувам старо. Тоа се некои нови генерации кои уживаат и го сакаат тој филм. Титаник е како Мери Попинс, барем така јас го гледам“, вели Винслет.