Гостувајќи во емисијата “The Late Late Show” славната холивудска актерка Џулија Робертс со комичарот Џејмс Корден за десет минути ја одглуми реќиси целата нејзина кариера.

Џулија Роберст и Џејмс Корден на духовит начин одглумија сцени од „Нотинг Хил“, „Јас верувам во љубов“, „Насмевката на мона Лиза“, „Невестата бегалка“, „Згодна жена“, „Маќеа“, „Јади, моли, сакај“ и бројни други филмови.
За нешто повеќе од девет минути менуваа костими, цитираа реченици од филмовите, па дури и пееја.
Актерката со ова покажа дека за неа ништо не е невозможно, и ги одушеви фановите.