Цела година живеел со телата на покојните мајка и брат близнак

од desk2
113 прегледи

Маж кој во Минесота живеел една година во домот со тела на покојните мајка и брат близнак, тврди дека немал храброст да ја пријави нивната смрт.

Роберт Џејмс Кефлер, изјави за американски медиуми дека бил „трауматизиран“ и праша: А, што би направиле вие? Полицијата соопшти дека Kефлер е обвинет за нарушување на местото на смрт додавајќи дека братот и мајката починале од природна смрт.

Кефлер рекол дека неговата мајка починала во 94. година од животот во август 2015, а неговиот брат неколку месеци порано.

Полицијата ги открила нивните тела во септември 2016 година.

Од судот соопштија дека телото на братот на Kефлер било мумифицирано, а телото на мајката во било фаза на распаѓање.

– Луѓето мислат дека сум ненормален, но јас сум таков. Јас ги сакав, изјави тој. Кефлер вели дека не подигнувал пари од сметките на покојната мајка и брат.