
Најголемиот пазар за градежни материјали во Москва, кој се наоѓа на Калушкиот пат пламнал рано утрово, соопшти lenta.ru, повикувајќи се на соопштението од Министерството за вонредни ситуации на Русија. Сигналот за пожарот е примен во 4.30 часот по локално време. Првично огнот зафатил 600 квадратни метри, но само неколку минути по пристигнувањето на пожарникарите тој се проширил на над 1000 метри квадратни. Притоа покривот на зградата почна да се урива. Околу 86 тимови на пожарникари се испратени на местото на настанот.
Таму има и 25 полициски тимови, бидејќи работниците на пазарот се обидуваат да навлезат во огнот за да ја спасат својата стока. Според прелиминарните податоци гори и подземниот паркинг, два хеликоптери полетале и се упатени кон местото на пожарот, односно чекаат сигнал да се вклучат во гаснењето. Медиумите во Москва денеска објавија дека пожарот веќе се зголемил на 55.000 квадратни метри, а автомобилите паркирани во областа почнале да експлодираат, објави руската разузнавачка агенција. Постои опасност целата зграда да се распадне.