Вечерва овде пред сите вас кажувам дека ќе го вратиме тенкот, мерцедесот на Груевски и со парите ќе купиме амбулантни возила, вети премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот митинг на коалицијата “Живот за сите” кој се одржува пред зградата на владата.

-Мораме да ставиме крај на расипнчкото трошење на нашите претходници и ние во изминативе 4 месеци власт го покажуваме тоа.Јас ви ветувам таква власт – рече Заев.