Шилегов: На 15-ти да му го зададеме последниот удар на Груевски и бандата

од Vladimir Zorba
126 прегледи

 -Скопје нема повеќе да биде вмровски град туку град на сите граѓани, град во кој ќе има живот за сите порача кандидатот за градоначалник Петре Шилегов на вечерашниот голем митинг во Скопје на коалцијата предводена од СДСМ.Да и дадеме црвен картон на урбаната мафија на Груевски која од Скопје направи град од стиропор – порача Шилегов и вети повеќе зеленило и паркови, чист воздух и вода во сте населби на градот.

Плански изградени улици и булевари за да се растерети централното градско подрачје и електрични автобуси за градски превоз кои ке ги заменат кинеските автобуси на нафта кои ги купја Груевски и Трајанов и се нај големи загадувачи.

На Скопјани ќе им овозможиме да засадат дрво за секое новородено дете за кое ке се грижи и ке го негува рече Шилегов. Секој да излезе и да гласа и да ставиме крај на оваа мрачна слика на нашето Скопје,да гласаме за домаќинско поубаво Скопје во кое ке има живот еднаков за сите порача Шилегов од митингот пред владата.