Трка во вооружување: Хиперсоничните ракети ќе бидат дел од воениот арсенал на САД, Кина и Русија

од desk2
80 прегледи

Соединетите Американски Држави, Кина и Русија интензивно работат на развој на хиперсоничните проектили кои што во блиска иднина би требало да се најдат во арсеналот на нивните армии.


Британски “The Independent” пренесува дека додека активно трае развојот на хиперсоничните ракети, сите три земји мора да бидат премногу внимателни и во никој случај да не дозволат едно такво напредно оружје, во иднина да заврши во рацете на „одметнатите режими“ кои што би можеле да ја загрозат светската безбедност.

Наведените оружја на кои што американските, кинеските и руските инжинери работат се „нов вид на закана“, затоа што се специјално дизајнирани за избегнување на одбранбените против-ракетни системи, односно и државите кои што ќе имаат напредни системи за против-воздушна одбрана, ќе бидат немоќни во одбраната од ова оружје.

Доколку оваа технологија се развие неконтролирано, земјите би можеле да ги постават своите одбранбени системи на „моментална одмазда“, а со тоа ќе се зголемат шансите за избивање на нуклеарна војна која што може да има катастрофални последици по целиот свет.

„Развојот на хиперсоничните ракети ќе ја зголеми шансата за стратешка војна. Тој ќе ги поттикне земјите да реагираат побрзо и без многу размислување да нападнат“, вели авторот на студијата Ричард Шпајер.

Експертите тврдат дека на светот му преостануваат нешто помалку од 10 години за конечно да биде применет режимот за ограничување на вооружувањето.

Заканата која што ја носат хиперсоничите ракети не е поврзана само за нивната екстремна брзина, туку и со тоа што со нив може прецизно да се управува, нешто што не е карактеристично за традиционалните балистички проектили.

Соединетите Американски Држави, Кина и Русија активно ја развиваат таквата технологија, а експертите предупредуваат дека тие земји мора да се согласат да не ги продаваат таквите оружја или технологијата за производство на другите земји./Точка

https://www.youtube.com/watch?v=BLdNxbVbqFg