Трик прашање на Нобеловецот, што ќе одговорите?

од desk2
71 прегледи

Професорот на Универзитетот во Чикаго Ричард Талер доби Нобелова награда за економија заради обидот да сфати како луѓето донесуваат одлуки, особено оние лошите.

алер е еден од водечките стручњаци во релативно ново поле кое е комбинација на психологија и економија.

Изградил кариера со проучување на лошите избори на луѓето, од тоа зошто луѓето не издвојуваат и не штедат повеќе за пензија, преку тоа зошто националните фудбалски клубови некогаш избираат лоши нови играчи, па дури и размислувал како подот во бањата да биде почист.

„Ние Американците јадиме премногу, премногу се задолжуваме и се што е непријатно го одложуваме колку можеме“, напиша Талер во една прилика.

Луѓето повеќе сакаат моментално задоволство, иако знаат дека, доколку бидат стрпливи, тоа може да им овозможи подобар живот подоцна, заклучува Талер.

Докторирал економија 1974 година, и кусо се појавил во филмот „The Big Short“.

„Тој е пионер во интергацијата на економијата и психологијата“, соопшти нобеловиот комитет. „Тој ја направи економијата човечна“.

Комисијата го пофали Талер заради обидот да ги поттикне луѓето и компаниите да донесуваат подобри одлуки. Покрај своите научни работи и книги, Талер напиша многу колумни.

Неговото трик прашање:

Талер, во една прилика постави прашање кое, во суштина, го отсликува она што повеќето од нас не го разбираат кога во прашање се пари. Прашањето е за вино, кое всушност го открива нашето сфаќање за парите:

„Колку ќе ве чини ако испиете шише вино кои сте го купиле 50 долари пред неколку години, а сега вреди 500 долари?“

Прашањето илустрира колку луѓето ги мешаат двата основни поими: реални трошоци и потенцијални трошоци.

Реалните трошоци се оние кои веќе сте ги потрошиле. Веќе сте дале пари за нешто и не може ништо да се направи да се вратат. Мора да ги отпишете. Во овој случај, тоа се 50 долари кои веќе сте ги дале за виното.

Потенцијални трошоци се цената на изборот на една акција во однос на друга – во овој случај, тоа што сте избрале да го испиете виното, а не да го продадете за 500 долари, или дури и да го почувате и да го продадете по повисока цена во иднина.

Правилниот одговор на прашањето е дека вас тоа ве чини 500 долари да го испиете шишето вино, затоа што сте избрале да уживате, а не да го продадете.

„Повеќето луѓе велат дека не ги чини ништо. Некои дури велат и дека така заработиле пари, пиејќи го тоа вино затоа што ги чинело само 50 долари. Тоа е менталната пресметка“, вели Талер.