Група македонски здруженија кои синоќа организираа протестен марш со барање претседателот Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев, не беа примени ворезиденцијата на претседателот на вилата Водно.Првин беа спречени од полицијата а подоцна добија и известување дека претседателот заминал.
Дваесетина членови на здруженијата „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат“ – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет попладнето тргнаа на марш од пред канцеларијата на ЕУ до вилата на Иванов на Водно. Првин беа блокирани од полицијата, која им побара претсатвници да поминат, на што тие сакаа сите да одат, па го изгубија и тоа право. НА крајот малата група на протестанти од обезбедувањето добија известување дека претседателот си заминал, а присутните на тоа бурно изреагираа нарекувајќи го кукавица, пренесе А1Он.
Преку овој протест членовите на овие здруженијата сакале демек да се чуе гласот на македонскиот народ, бидејќи како што рекоа, Македонија била нападната од сите страни.Сепак одзивот беше слаб и неуспешен