Неверните мажи открија како бираат љубовница

од desk2
146 прегледи

Според истражувањето на еден сајт за запознавање, мажите обично ги планираат своите афери, а бираат жени од нивниот криг на пријатели.

Анкетирани се 1.300 луѓе, а крајните резултати покажаа дека дури 27 отсто мажи признале дека, во случај да не се задоволни од својата врска, ќе се обидат да заведат колешка од работа.

Така се покажа дека „другата жена“, не е некоја мистериозна заводничка, туку некој од неговото окружување, која можеби и ја спомнувал.

Според податоците, мажите најчесто бираат личност која ја познаваат од порано, а дел од нив сакаат да запознаат нова личност со кој може да имаат секс, а нема да ја загрозат врската.

Шокантен е податокот дека 99 отсто од анкетираните мажи признале дека имале афера или сериозно размислуваат за тоа. Како главен мотив се наведува сексот.

Од друга страна, своите момчиња или сопрузи ги изневеруваат 39 отсто жени, а 35 отсто размислувале за тоа.

Кај барањето партнер за афера, на жените прв критериум им е надворешниот изглед, а 43 отсто откриле дека аферата е чисто од физички карактер.

Само 5 отсто жени велат дека ги привлекуваат мажи со кои би можеле да имаат интелектуална врска.