Сончево со умерена облачност и засилен северен ветер

од Vladimir Zorba
65 прегледи

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од еден до девет степени, а максималната од 19 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 23 степени.

Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури, кои од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.