
Астрономи од центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан во САД и Институтот “Макс Планк” во Германија ги определија точните граници на галаксијата Млечен пат, во која се наоѓа Сончевиот систем.
Излегува дека нашата галаксија достигнува 66.000 светлосни години. Истражувањата извршени со помош на системот од радиотелескопи VLBA (Very Long Baseline Array), дозволија да се утврди со голема прецизност каде е крајот на нашата галаксија.
Најголемото регистрирано растојание е до реонот на звездите G007.47 + 00.05 во спиралниот ракав на Шилд-Кентавр и тоа е 66 500 светлосни години. Експертите објаснија дека во блиска иднина, Млечниот Пат може повторно да ја зголеми својата големина.
Претходни мерења врз основа на т.н. тригонометриски паралакс (мерења врз основа на положбата на астрономски објект) покажаа речиси два пати помала далечина – тогаш беше откриено дека Млечниот пат е со димензии 36.000 светлосни години.