Како што течеше изборната кампања, така помина и изборниот ден, со нерегуларности и прекршувања на Изборниот законик, оценија на првата прес-конференција по завршување на изборите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно луѓето заборавиле како СДСМ организира избори, но изборниот ден помина со доста нерегуларности.
Сепак, направени се записници и доставени се до надлежните институции, а за понатамошните чекори јавноста ќе биде известена.