ДУИ прогласи победа во Кичево и Пласница, Таравари води во Гостивар

од desk4
84 прегледи

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва на прес-конференција објави победа на кандидатите за градоначалници на ДУИ во прв круг во општините Кичево и Пласница.

Оцени дека изборите се одвиваа мирно, без изразени неправилности. Според него, на ниво на државата секаде водат кандидатите на ДУИ и, како што рече, тоа ќе биде 11 победа на партијата на било какви избори.

„Централниот изборен штаб на ДУИ е во постојан контакт со нашите претставници во останатите општини и очекуваме поточни следни резултати многу скоро“, рече Ахмети на прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово.

Според првичните неофицијални информации од партискиот штаб на Алијанса за Албанците, нивниот кандидат Арбен Таравари, води во битката за Гостивар и има повеќе гласови во однос на Невзат Бејта, кој е актуелен градоначалник и кандидат на ДУИ.