„Нека ни е честита и вечна слободата. Имавме предизвик пред нас да организираме слободни избори. Еве ја слободата почитувани граѓани“, ги поздрави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, насобраните пред Влада, кои заедно со него ја прославуваа големата победа на локалните избори во Македонија.

Тој им честита на сите граѓани на Македонија, кои овозможија, Македонија да има фер, демократски и регуарни избори.
Народот даде поддршка на новата власт во Македонија, на демократијата, рече тој.
Заев наброја според неофицијалните податоци во кои општини кандидатите за градоначалник на СДСМ своија победа во првиот круг: Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Шуто Оризари, може во прв круг и во Кисела Вода, Бутел и во Гази Баба.
Зелениково, Арачиново, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Кратово. Кочани, Пехчево, Делчево, Берово. Конче,Василево, Босилово, Ново Село, Струмица. Валандово, Богданци, ДОјран. Гевгелија, Демир Капија, Неготино. Лозово, Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Дебарца, Вевчани.
Во Скопје не се пребројани 216 гласачки места, а победува Петре Шилегов. Ако продолжи вака ќе имаме победа уште во првиот круг, бидејќи разликата е 21.000 гласови. Маврово-Ростуше, Јегуновце, а сигурно има уште неколку, рече Заев.
Според него, граѓаните покажале колку се важни локалните избори.
На новите градоначалници им порача: – Ерата на локални шерифи заврши. Обврската е уште поголема. Во Македонија има живот за сите.
„Сега повеќе нема изговори, закопување на главите в песок нема. Нашиот народ заслужува единство, рамноправност…
Топ не не бие. Македонија ќе оди напред. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, нив ќе ги слушаме.
Апелирам на чесност, одговорност и посветеност“, порача Заев, кој рече вечерва да се радуваме,а од утре да се засукаат ракавите.