Извештајот за проверката на АКМИС системот доставен до Министерството за правда

од desk2
66 прегледи

Извештајот на работната група која вршеше увид во АКМИС системот за распределување на предмети во Кривичниот суд е доставен до Министерствотот за правда – потврдуваат за ТВ 24 членови на комисијата.

Оттаму велат дека во текот на денов ќе излезат со информација дали се констатирани злоупотреби при распределбата на предмети.

Паралелно, но не и поврзано со работата на Комисијата и СЈО вршеше претрес во работната просторија и домот на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Тој е под сомнение дека оддавал службена тајна и ја злоупотребил службената положба и овластување и бил помагач во извршување на кривично дело./24 Вести