Детали од ликвидацијата на Малта: Новинарката која ги разоткри „Панама долументите“ брутално убиена во автомобил

од desk2
123 прегледи

Новинарката и блогерка од Малта, Дафне Каруана Галиција, чии истражувања биле фокусирани на корупцијата, била убиена во експлозија на бомба поставена под автомобилот.

Порталот Politico убиената новинарка ја опишал како “Викиликс жена”, бидејќи нејзиното делување предизвикало реакции слични на оние до какви доведува и работата на таа медиумска организација.

Нејзините блогови биле “трн во око” за владата и влијателните фигури во подземјето во најмалата држава членка на ЕУ, а привлекувале повеќе читатели од сите други весници на Малта.

Таа ја критикуваше и сегашната Влада на премиерот Мускат, а беше една од првите која ги откри и ги публикуваше компаниите и имињата на политичaрите од Малта кои беа вовлечени во аферата „Панама Пејпрс“.

Објави и дека сопругата на Премиерот, г-ѓа Мишел Мускат дека е вовлечена во аферата во Панама, со која критика „предизвика“ и избори во јуни годинава во Малта.

Пишуваше за „Тајмс оф Малта“ и беше уредник во истиот весник, кој е воедно и најчитан на островот. Беше колумнист и во „Индепендент оф Малта“, но нејзиниот личен блог го предизвикуваше најголемото внимание во новинарската фела. Дафне беше ценета како една и од највлијателните новинари во Европски рамки, не само во Малта.

Европската унија е згрозена поради убиството на малтешката новинарка Дафне Каруна Галиција, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, при што побара одговорните да бидат изведени пред судот на правдата.

– Згрозени сме од фактот што познатата и почитувана малтешка новинарка Дафне Каруна Галиција вчера го загуби својот живот во очевидно планиран напад… ЕК и нејзиниот претседател Жан Клод-Јункер најостро го осудуваат нападот на новинарката која истражуваше случаи на корупција во блиското опкружување на премиерот на Малта, Џозеф Мускат, истакна Шинас.

Тој нагласи дека „правото на новинарите да истражуваат, да поставуваат непријатни прашања и ефикасно да известуваат, е во фокусот на европските вредности и секогаш мора да биде загарантирано“.

Основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж понуди награда од 20.000 евра за сите оние кои ќе дадат информации кои ќе доведат до осуда на убиецот на новинарката Галиција.