Новинарката Ксенија Собчак се кандидира за претседател на Русија

од desk2
80 прегледи

Новинарката Ксенија Собчак, позната по критиките за Кремљ, се кандидира на руските претседателски избори. Тоа наметна две клучни прашања: дали е таа вистинската алтернатива или е кандидатка по желба на Кремљ?


„Младите луѓе секогаш имале прилика да бираат исти политичари“, вели Собчак во видеоклипот објавен на нејзината страница, додавајќи дека таа е против тоа и сака да им пружи прилика луѓето да гласаат против моменталната власт.

Меѓутоа, меѓународните набљудувачи тврдат дека нејзината кандидатура всушност е желба на Кремљ, за да му ги одземе гласовите на Алексеј Навални, кон кого се наклонети младите луѓе и полибералното избирачко тело.

Собчак (35) е ќерка на поранешниот градоначалник на Санкт Петербург Анатолиј Собчак, кој се смета за политички татко на Владимир Путин. Собчак во 1990 година го стави Путин на место негов заменик.
„Кога имав 18 години, Владимир Пурин стана претседател. Децата кои се тогаш родени сега ќе излезат на избори“, вели Собчак, додавајќи дека ќе биде страшно ако никој не се обиде ништо да промени.