Два земјотреси со јачина од 3 и 3.2 степени според Рихтер беа почувствувани денеска во малешевскиот регион.

Имено, првиот се случи во 11 часот, и беше со јачина од 3 степени, на 7 километри северозападно од Пехчево, на длабочина од 2 километри. Вториот се случи во 11.27 часот, на исто место на длабочина од 10 киломтери, пишува на страната на Европскиот Медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресите се почувствувани во Пехчево, Берово, Делчево и околните села.