Британската премиерка Тереза Меј во петок изјави дека на колегите од Европската унија им порачала дека Британија ќе ги испочитува своите обврски кој Унијата во преговорите за Брегзит, и дека другите земји нема да бидат во загуба во рамки на моменталниот буџетски план.

Прашана дали им порачала на челниците на ЕУ за време на работната вечера во четврток дека е подготвена да ја зголеми британската финансиска понуда, Меј рече дека ги повторила ставовите изнесени во говорот во Фиренца минатиот месец.
Челниците на ЕУ изјавија дека Меј не изнела никакви понуди и дека само го повторила својот став дека многу од барањата на ЕУ немаат законска потпора, пренесе Reuters.