Вработени во МНР суспендирани поради насилствата на 27 април

од desk4
99 прегледи

Министерството за надворешни работи соопшти дека суспендирале четворица свои вработени кои биле во Собранието на Република Македонија при упадот и бруталните насилства на 27 април годинава.

„Министерството цени дека со нивните дејствија односно нивното неовластено влегување и присуство во Собранието на Република Македонија за време на настанот, постапувале спротивно на Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и го нарушиле угледот на професијата дипломат и воедно угледот на Министерството и државата. Таквото однесување, согласно позитивната регулатива, претставува дисциплински престап согласно Законот за административни службеници и Законот за надворешни работи, како и на Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението од МНР.

Постапката е почната на 7 јуни годинава, кога МНР од МВР побарало информации за можна инволвираност на вработени  во МНР во дивеењата во Собранието.