Јозеф Фрицл имал уште еден подрум

од desk2
112 прегледи

Австриецот Јозеф Фрицл, кој служи доживотна казна затвор затоа што во заробеништво ја држел својата ќерка, ја силувал повеќе од 3.000 пати и направил седум деца, имал таен подрум кој се наоѓал во гостинската куќа.

Тајните простории ги откриле градежниците во градот Унтерах ам Мондсе. Претсобјето со скали кои не водат никаде откриени се зад ѕидот во текот на инспекцијата која е побарана затоа што сопственикот никогаш не побарал дозвола за градба на овој објект.

Куќата ја изнајмил Хелмут Л. Кој вели дека куќата е полна со шуплини и простории. Таа изгоре два пати во пожари додека беше во сопственост на Фрицл, па полицијата го сомничеше дека е пироман.

Според тврдењето на мештаните, гостинската куќа Систерн никогаш не е истражена правилно.

Нови сопственици на другата куќа на хоророт, во која ќерката беше заробена, се Херберт и Ингрид Хоуска, кои ја купија за 160.000 евра, ја реновираа и ја претворија во 10 станови кои ги изнајмуваат.

Подрумот на комплексот во кој Елизабет беше заробена е забетониран и не смее да се изнајмува за да се спречат перверзните луѓе да ја користат за сопствени цели.