
„Како се формирал Гранд Кањон?“ Ова прашање е поставувани толку често, а на YouTube врие од клипови со објаснувања. Еден од нив, најверојатно ќе го најдете во два дела, е 35-минутна предавање од човек по име Ендру Снелинг.
Првиот знак дека тоа не е типично предавање за геологија доаѓа по минута кога Снелинг објавува: „Гранд Кањон дава докази за библискиот опис на историјата на Земјата“.
Снелинг е истакнат „креационист на младата Земја“. Со години тој држел предавања, организирал турнеја низ кањонот со библиска тематика, работејќи за невладината организација „Одговорите во Битие“.
„Креационистот на младата земја“ верува дека Земјата е само неколку илјади години стара. Снелинг смета дека Гранд Кањон се формирал по Ноевиот потоп дека сега владата на САД ги блокира неговите истражувања поради неговите верски ставови.
Затоа неодамна тој поднесе жалба во судот против администрацијата на „Гранд Кањон“ и Министерството за внатрешни работи, кое управува со националните паркови, бидејќи одбиваат да му дозволат да собере 50-60 примероци од кањонот.
Научните истражувања во „Гранд Кањон“ се дозволени, но се следат внимателно и бараат одобрување на највисоко ниво.
Како што пренесува The Atlantic, администрацијата на паркот се обратила кон тројца висококвалификувани геолози, за да го разгледаат барањето на Снелинг и тоа е отфрлени.
Ендру Снелинг е навистина научник. Има докторат по геологија на Универзитетот во Сиднеј и објавил статии во научни изданија. (Тешко е да се разбирам како успеал да се справи со специјалноста за кој што сега предава, а е спротивно на верувањата.)
Во барањето Снелинг ескплицитно не ја посочил намерата дека ќе ја користи својата работа за религиозна пропаганда, но и тројцата геолози заклучиле дека истражувањето што го нуди, нема научна валидност. Има луѓе што велат – зошто не му дозволиле да собере некои камења?
Сè уште официјално ги има потребните квалификации. Ниту, пак, постои шанса дека неговата студија ќе ги оспори некоја од фактите што се утврдени досега. Најверојатно проблемот е дека така се дава легитимитет на движење, со што геолозите се борат со години.
Дали е тоа цензура? Според Снелинг, се разбира. И, се разбира, властите не треба да ги натераат луѓето да ги прифатат научните факти. Секој може да верува што сака. Но, тешко е да се замисли како еден научник, при тоа геолог, може да ја побива својата титула со претставата дека Земјата е само на неколку илјади години.
Извор: IFL Science